Лекови од домашната аптека: Ѓумбир против мачнини, модри сливи против запек

Солената вода еодлично средство за намалување на болката во грлото, а истовремено и одличен домашен рецепт кој ги уништува бактериите во усната шуплина.

Нашите баби и дедовци растеле и живееле со значително помалку лекови, споредбено со бројот на медикаменти кои секој од нас ги пие во денешно време и тогаш кога станува збор за незначителна болка, за која во никој случај не би требало да користиме терапија со таблети. Сепак, ретко кога денешниот човек сака да се изложи на болка, па така апчиња буквално се пијат и кога треба, но и кога навистина би можеле да се избегнат.
Така, иако нашите предци помалку се лекувале, тие исто така многу помалку и се разболувале. Тоа е така бидејќи тие во својата исхрана користеле исклучиво органски намирници кои освен како храна знаеле како да ги искористат и како лек. Одредени состојки кои во минатото се користеле за лекување на одредени болести, дури и до ден денес важат за поефикасен начин на лекување дури и кога за истата болест може да се пијат и медикаменти.

Прочитајте и...  Астролозите откриваат: Месецот на раѓање открива кои болести ви се закануваат

Солена вода
Солената вода е исклучително корисен лек кој треба сите да го знаат. Таа е одлично средство за намалување на болката во грлото а истовремено и одличен домашен рецепт кој ги уништува бактериите во нашата усна шуплина.

Токму затоа, доколку ве боли грло, овој бабин домашен рецепт многу ќе ви помогне. Сè што треба да направите е во ладна вода да растворите поголемо количество сол и со овој солен раствор да направите плакнење на грлото и усната шуплина.
Сепак, бидете внимателни кога се обидувате да се излечите со оваа солена вода бидејќи во никој случај не смеете да ја проголтате.

Ѓумбир против мачнини
На секој од нас му е познато дека ѓумбирот изобилува со бројни лековити својства и чудотворно делува на нашето здравје. Но кога станува збор за народната медицина, ѓумбирот се користи за намалување на мачнините што ги чувствуваме при одредени заболувања на дигестивните органи, но и тогаш кога сме претерале со јадење или пак со мешање на најразлични видови храна.
Па така една шолја чај од ѓумбир во текот на едно деноноќие може да ви помогне во намалување на болките во желудникот, а исто така ќе ви помогне и да ги намалите утринските мачнини и повраќања доколку се наоѓате во блажена состојба.

Прочитајте и...  Јана Стојановска: Улогата на мајка ми е најинтересна улога со која сум се сретнала

Модри сливи против запек
Модрите сливи во својот состав изобилуваат со голем број витамини и минерали, но и растителни влакна. Токму тие растителни влакна значително можат да помогнат во лесното варење на храната поради што пак речиси никогаш луѓето кои ги јадат редовно не страдаат од тврда столица.
Така, доколку неколку денови не сте биле во тоалет, обидете се за краток временски период да изедете колку што е можно повеќе суви сливи.

Прочитај повеќе

Астролозите откриваат: Месецот на раѓање открива кои болести ви се закануваат

Слободен печат

Замолчете ја лудачата во вас поради која психички и физички сте исцрпени: 7 совети од лекарите за ослободување на стресот

Слободен печат

НАШ ПРЕДЛОГ ЗА ФИЛМ: „Jexi“ е комедија која ќе ве насмее, но и ќе ве потсети на секојдневната зависност на човекот од модерната технологија

Михаило Донев

Кејт Мидлтон облече патики од 2.000 денари и за само еден час овој модел целосно се распродаде

Слободен печат

Хороскопски знаци кои важат за најголеми манипулатори!

Слободен печат

Хајли Бибер не успеа да се избори со ветрот – Фановите видоа нешто повеќе!

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Се туширате секој ден, а не знаете дека со тоа можеби правите грешка

Слободен печат

Повеќе од 1.300 жалби за настапот на Шакира и Џеј Ло на Супербол: „Ова е порнографски и срамно!“ (ВИДЕО)

Слободен печат

Ниту Канада не ги сака Меган и Хари – Полека сите врати им се затвараат!

Слободен печат

Вечерва „Баклава“ го промовира новиот албум: Гости ќе бидат Дарко Рундек и „Суперхикс“

Слободен печат

Златна Бубамара 2020: Сашко Коцев го „избриша“ подот со РЕКЕТ, Aтиџе запеа пред публиката! (ГАЛЕРИЈА)

Васко Спасоски

Вознемирувачко видео: Бритни Спирс си го скрши стапалото додека танцуваше

Слободен печат