Лекарската комора и здруженијата потпишаа Меморандум за соработа, ќе ја менуваат позитивната листа на лекови

Фото: Лекарска комора

Лекарската комора потпиша Меморандум за соработка со здруженијата на пациенти, преку кој заеднички ќе прават измени и дополнување на Позитивната листа на лекови.

Како што соопштија од Лекарската комора, Меморандумот е потпишан со здруженијата за бубрежно болни граѓани „Нефрон“, за ретки болести „Живот со предизвици“, Хепар центар Битола, здруженијата за хронична миелоидна леукемија, за поддршка на луѓе што живеат со ХИВ „Заедно посилни“, Сојузот на здруженија на дијабетичари, Здружението на пациенти со рак и нивни негуватели „ХЕМА-ОНКО“ и „ФЕМИНА М“ здружение за помош и поддршка на пациентите со гинеколошки заболувања.

Претседателката на Комората, Гривчева Старделова истакна дека меморандумот е израз на добра волја на двете страна за понатамошна поблиска соработка.

-Ова е важен настан за сите нас, бидејќи испраќаме јасен сигнал до јавноста дека лекарите и пациентите не се две спротивставени страни, како што тоа најчесто се перципира, туку напротив, тие се вистински сојузници со заедничка цел, а тоа е овозможување на што подобар третман за пациентите, што е тесно поврзано со обезбедување на подобри условите за работа на докторите, изјави Гривчева Старделова.

Заедничките активности ќе бидат насочени кон подигнување на нивото на соработка и комуникација меѓу пациентите и лекарите за зајакнување на довербата и воспоставување на партнерски однос, давање меѓусебна поддршка за прашања од заемен интерес преку заеднички соопштенија, прес – конференции, форуми.

Лекарите и пациентите ќе реализираат заеднички активности насочени кон подигнување на нивото на општото здравје, и заедно ќе настапуваат пред надлежните институции за предлагање на решенија за прашања од заеднички интерес.

Потписниците на Меморандумот, исто така, ќе одржуваат и редовни координативни состаноци, а во овие активности ќе може да се приклучат и други здруженија на пациенти кои ги делат истите цели и интереси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот