Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Лекари од Итна помош отидоа кај Дијана Хрка која е во многу лоша состојба

Итната помош пристигнала по повик од шаторот на Дијана Хрка, мајката која веќе единаесетти ден штрајкува со глад по смртта на нејзиното момче во несреќата во Нови Сад, објави „Н1“.

Медицинскиот тим се обидел околу 12:30 часот да ѝ пријде на Дијана Хрка и да ѝ укаже медицинска помош.

Тимот, предводен од една докторка, побарал да ја види Дијана Хрка, односно да влезе во нејзиниот шатор.

Како што навеле, добиле повик од еден од граѓаните, по што биле известени од диспечерите и излегле на терен.

Сепак, воените ветерани кои се со Дијана Хрка претходно повеќепати истакнале дека таа свесно одлучува кои ќе бидат нејзини лекари, а кои не.

Како што се наведува во прилогот на „Н1“, таа е во лоша состојба — слаба е и изнемоштена.

Дијана Хрка не се чувствува добро, штрајкува со глад веќе единаесетти ден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот