Лејкерс подготвија нова понуда за Дејвис

ЛА Лејкерс во обидот да го ангажира Ентони Дејвис во февруари годината понуди дури седум играчи но беше одбиен од страна на Њу Орлеанс пеликс бидејќи управата на тимот не сакаше да соработува со „езерцата“.  Дејвис ја доигра сезоната во Њу Орлеанс но веднаш откако клубот не обезбеди пласман во плејофот, повторно јавно побара да биде разменет и се закани дека нема да игра за тимот наредната сезона.

По ваквото барање на Дејвис, веднаш реагира управата на ЛА Лејкерс и подготви понуда за Њу Орлеанс во која ги нуди Лонзо Бол, Брендон Инграм и четвртио пик од престојниот драфт, објави новинарот на ЕСПН, Марк Штајн.

Според новинарот, токму четвртиот избор на драфтот се очекува да ја натера управата на Њу Орлеанс да седне на преговарачка маса, но бараат во понудата да бидат вметнати Кајл Кузма или Џош Харт. Во Њу Орлеанс се надеваат дека токму четвриот пик ќе можат да го разменат со некој друг тим и за него ги добиле квалитетен кошаркар.

Освен ЛА лејкерс, голем интерес за ангажман пројавува и Бостон селтикс но тие имаат проблеми со Кајри Ирвинг кој требаше да биде адутот за Дејвис. Имено Бостон планираше да го искористи Ирвинг како дел од размената, но ол стар бекот одлучи да ја искористи опцијата да стане слободен играч и да ја напушти екипата.
Њу Орлеанс ќе бира прв на престојниот драфт и за очекување е да ја избере сензацијата Зајон Вилијамсон кој би бил лидер на тимот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот