Мирчеа Луческу/EPA-EFE/TIAGO PETINGA

Легендарниот Луческу доживеал нов срцев удар – токму кога требало да си замине од болница

Легендарниот романски стратег Мирчеа Луческу утрово минал низ вистинска драма, откако доживеал срцев удар токму во моментите кога се подготвувал да ја напушти болницата.

Иако минатата недела бил примен во Универзитетската болница во Букурешт, неговата здравствена состојба нагло се влошила непосредно пред отпустот. Медицинскиот тим реагирал експресно, вложувајќи максимални напори за да го стабилизира. Според извори од романските медиуми, лекарите биле принудени дури трипати да спроведат реанимација за да го вратат во живот.

Во текот на интервенциите била направена и ангиографија, со цел да се утврди дали постои затнување на коронарните артерии, една од најчестите причини за вакви состојби.

По ваквата ситуација, Луческу останал во болницата каде што докторите ќе ја следат неговата состојба.

Мирчеа Луческу го заврши мандатот како селектор на Романија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот