Легендарниот Јапонец ја започна 40. сезона во кариерата – ќе игра и на 58 години!
Јапонската фудбалска икона , попознат како „Кралот Казу“, и на 58-годишна возраст продолжува да ги поместува границите на можностите во професионалниот спорт. Легендарниот напаѓач го одигра својот прв натпревар во 40-та професионална сезона, настапувајќи за Атлетико Сузука во победата од 2-1 над Јокохама, во рамки на четвртата јапонска лига.
Препорачано
Миура влезе во игра како замена, со што стави крај на неколкумесечната пауза поради повреда на ногата. Но, далеку од тоа дека размислува за крај, напротив, најавува нови настапи и уште повеќе мотивација.
Сакам повторно да играм и да го покажам својот карактер. Благодарен сум на сите што ме поддржаа. Сега сакам да го забрзам ритамот изјави Миура по натпреварот.
Фудбалската приказна на Миура започна далечната 1986 година во дресот на бразилскиот Сантос, а оттогаш тој стана првата вистинска фудбалска ѕвезда на Јапонија. Во интервју за ФИФА во април, истакна дека пензионирање за него не е опција.
„Кога имав 35 или 40 години, си велев дека не можам вака повеќе. Но, наместо да се откажам, се туркав себеси да дадам повеќе. Зборот „пензионирање“ не постои во мојот речник“, порача Миура.
Со 89 настапи и 55 голови за јапонската репрезентација, „Кралот Казу“ останува симбол на упорност, љубов кон фудбалот и неверојатна спортска долговечност. И денес, четири децении подоцна, Миура продолжува да го живее сонот што многумина одамна би го завршиле.


