Легендарниот германски тренер Феликс Магат е заинтересиран за Вардар, но нереално е тоа брзо да се реши

фото: твитер

Поранешниот македонски репрезентативец, Саша Ќириќ, открива дека потенцијалниот инвеститор во најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар е фирмата на легендарниот германски тренер Феликс Магат.

Ќириќ во своето обраќање преку социјалните мрежи вели дека иако постои интерес за вложувањето во Вардар, сепак работата е далеку од реализација.

Во продолжение ви го презентираме обраќањето на Ќириќ:

Би споделил неколку детали околу ситуацијата со Вардар за да не отиде се во погрешна насока или да не се шират дезинформации. Со желба на било каков начин да му се помогне на клубот во оваа тешка ситуација, стапив во контакт со германската фирма FLYERALARM GLOBAL SOCCER ција основна цел е инвестирање во фудбалски клубови. Тие веќе се делумни сопственици во FC Flyeralarm Admira Wacker од aвстриската Бундеслига и на Fc Würzburg Kickers новиот член на Втората Бундеслига во Германија. Исто така се главен спонзор на Германската женска Бундеслига. Главен човек и раководител на фирмата е Феликс Магат, познат германски фудбалер и тренер инаку мој поранешен тренер и сега добар пријател.

После првичните разговори и мое објаснување за каков фудбалски бренд се работи, се појави интерес кај нив и побараа подетални информации. По остварената средба со градоначалникот Шилегов и водечките луге од Вардар им ги доставив деталните информации за целата ситуација околу клубот. Тука покрај проблемот со долгот, кој е неколкумилионски и одредени правни проблеми, го имаме и проблемот со Корона ситуацијата која оневозможува нормално патување на луѓе т.е. некој да влезе во нашава земја и да се врати во своја земја, а да не оди во карантин.

Да не се лажеме, никој нема да префрли неколку милиони само со два-три телефонски повика и со мејлови. За тоа да се заврши треба луѓево да дојдат да ја снимат целата ситуација, да седнат со сите инволвирани страни и да го решат проблемот (како и Бугарите кои 3-4 пати веќе доаѓаа). Надеж се уште постои, но тоа зависи само од нив. За жал времето е тој луксуз кој го немаме ама ако ништо барем да пробаме да помогнеме. Да не се каеме после дека не сме ниту пробале.

Паралелно бараме со одговорните од Вардар помали средства за да стартуваат Тетовче и момците со подготовките, а исто така и со одредени момци од Комитите размислуваме за одредени идеи како да се помогне на клубот. Штета е што повеќе луѓе не се активни околу барање на спас за клубот, затоа што би имале повеќе можности за спасот, а не само да останеме на овие две. Најмногу ми е жал што не можам да му ја честитам 73-годишнината на клубот со некоја позитивна вест“, пишува Ќириќ кој исто така го носеше дресот на Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот