Легендарниот Франк Рибери и официјално ја заврши богатата фудбалска кариера

Франк Рибери ги имаше најголемите успеси со Баерн Минхен/фото: EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Францускиот фудбалер Франк Рибери денеска соопшти дека на 39-годишна возраст ја завршува професионалната кариера.

– Болката во коленото само се влошуваше и лекарите се јасни: немам повеќе избор, морам да престанам да играм. Затоа морам да ставам крај на кариерата – рече Рибери во видеото објавено на социјалните мрежи.

Во кариерата која траеше повеќе од две децении, играчот од средниот ред играше за Булоњ, Олимпик Але, Брест, Мец, Галатасарај, Марсеј, Баерн Минхен, Фиорентина, а последните натпревари ги одигра за Салернитана.

Најголем белег остави во Баерн за кој настапуваше 12 години (од 2007 до 2019 година) и со кој освои 23 трофеи.

За француската репрезентација дебитираше во 2006 година, а одигра вкупно 81 натпревар на кои постигна 16 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот