Легендарната серија „Секогаш е сончево во Филаделфија“ ќе ја посвети новата 15-та сезона на коронавирусот! (ВИДЕО)

Инстаграм

Тв-серијата „Секогаш е сончево во Филаделфија“, која веќе 15 години се емитува на малите екрани, во претстоечката 15 сезона ќе се занимава со пандемијата од коронавирусот, откри еден од авторите Роб Мекелхени.

Мекелхени исто така игра во овој ситком, заедно со Кејтлин Олсон, Глен Хауртон, Чарли Деј и Дени Девито.

Во разговор за NME, авторот потсетил дека една епизода со карантин веќе емитувале во седмата сезона на серијата.

„Всушност имаме епизода која се вика „Друштвото во карантин“, каде се наоѓаме во изолација во бар. Мислам дека тогаш наводно владееше грип во Филаделфоја. Не се грижете, кога ќе се вратиме, ќе се занимаваме со оваа тема на потполно нов начин“, изјавил тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот