ЛЕ: Јунајтед слави во Белград, „украден“ триумфот на Рома! (ВИДЕО)

twitter.com/ManUtd

Во рамките од групата „Л“ екипата на Манчестер јунајтед триумфираше минимално на теренот во Белград против Партизан со 0:1.

Стрелец на единствениот погодок за три бода на „црвените ѓаволи“ беше францускиот интернационалец Марсијал во 43. минута од пенал.

Во вториот меч од групата Астана го претрпе и третиот пораз овојпат на гостувањето во Холандија од АЗ Алкмаар (6:0).

Рома во групата „Ј“ во самиот финиш го испушти триумфот пред своите навивачи во Рим. Домаќините водеа од 32. минута со голот на Заниоло.

Германците успеаја буквално во последните секунди од средбата од белата точка благодарение на Стиндл да дојдат до реми.

Но, римската „волчица“ не можеше да се помири со судиската одлука, бидејќи евидентно беше дека топката не удри во рака на Смолинг, туку во неговата глава.

Лига Европа, 3. коло

Рома-Борусија Менхенгладбах 1:1
АЗ Алкмаар-Астана 6:0
Башакшехир-Волфсбергер 1:0
Бешикташ-Брага 1:2
ЦСКА Москва-Ференцварош 0:1
Порто-Ренџерс 1:0
Гент-Волфсбург 2:2
Лудогорец-Еспањол 0:1
Партизан-Манчестер јунајтед 0:1
Карабах-АПОЕЛ 2:2
Слован Братислава-Вулверхемптон 1:2
Ст. Етјен-Олександрија 1:1
Јанг Бојс-Феенорд 2:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот