Кире Лазаров / Фото: РФМ

Лазаров: Како да се изненадивме дека во прво полувреме можеме да водиме седум-осум разлика

Селекторот Кирил Лазаров изрази задоволство од победата над Романија, но не криеше дека чувствата по натпреварот се измешани. Македонија посакуваше поубедлив триумф кој ќе ги одржеше шансите за пласман во втората фаза, но на крајот најважно беше тоа што бодовите останаа на наша страна.

Победата има големо значење во контекст на полесен пат кон Светското првенство, иако со овој резултат практично згаснаа надежите за продолжување на настапот на Европското првенство.

По мечот, Лазаров отворено зборуваше за случувањата на теренот, потенцирајќи дека Македонија имала можност да го реши натпреварот многу порано.

„Задоволен сум поради победата. Кога ќе сумираме сè, треба да бидеме задоволни од тоа што го направивме против три силни противници. Видовте дека Романија е цврста селекција која знае што сака. Жал ми е затоа што почнавме добро, но како да се изненадивме како да може во прво полувреме да водиме со седум-осум разлика. Тука се почувствував немоќно како тренер. Ние промашувавме од чисти изградени ситуации. Можевме да ги декласираме и да не им оставиме надеж. Мислевме дека во второто полувреме ќе бидеме подобри, но како минуваше времето, Маркоски се повреди, Аларов доби црвен картон, бевме хендикепирани и во напад и во одбрана. Мислам дека проблемот ни беше во нападот, но и нивниот голман имаше добри интервенции. Се надевав дека ќе победиме со повеќе голови, зашто така надежта последна умираше“, вели селекторот Лазаров.

Костески херој, Македонија победи за да си го олесни патот до СП 2027

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот