Костески херој, Македонија победи за да си го олесни патот до СП 2027
Македонија вечерва ја победи Романија со 24-23 и тоа е победа која веројатно нема да ни донесе втора фаза, но е важна во квалификациите за СП 2027 затоа што сега ќе играме само еден бараж, место два што ќе беше случај, ако денеска не победевме.
Препорачано
Романците натпреварот го почнаа во грч и дури во 11-тата минут и тоа од пенал го постингаа првиот гол на натпреварот. Иако во тој период поведовме со 4-0, сепак впечаток е дека не го искористивме најдобро тој период затоа што промашивмее неколку напади од кои можевме да обезбедиме и поголемо водство.
Таа разлика ја одржувавме до крајот на полувремето по кое водевме со 13-9. Во второто полувреме не успеавме да го одржиме тоа темпо и како што одминуваа минутите како да губевме сили, Романија од „минута во минута“ ја „топеше“ нашата предност стекната во првио дел.
На пет минути пред крајот за првпат на натпреварот добија напад за да се вратат на само гол негатива и тој го искористија за 22-21. На сето тоа тука беше исклучен и Кузмановски поради игра со нога, па Романците во следниот напад и првпат изедначија.
Црниот период за избраниците на Лазаров продолжи и во наредниот напад, Џонов не реализираше, но за среќа и обидот на Романија заврши во пречката. Минутите без гол ги прекинавме на 40 секунди пред крајот кога Кузмановски од пенал ја врати Македонија во водство (23-22).
Романија израмни, останаа десетина секунди до крајот кои беа доволни Костески да реализира на само четири секунди пред крајот за победа на Македонија,
Шанси за Македонија и понатаму постојат, но само теоретски затоа што потребно е Данска вечерва да ја победи Португалија со 18 гола разлика што не е реално, посебно ако се знае дека Данците немаат императив да бркаат некој убедлив резултат.


