Лазар Ристовски и Аница Лазиќ во Милано, Италија / Фото: Инстаграм/Аница Лазиќ

ФОТО | „Милано, совршен си“: Лазар Ристовски ужива во Италија со 39 години помладата партнерка Аница Лазиќ

Српскиот пар Лазар Ристовски и Аница Лазиќ, кои често се тема во медиумите поради нивната разлика во години – актерот е постар 39 години од својата партнерка, во моментов ужива на патување во Милано, Италија.

Лазиќ објави фотографии од престолнината на модата, со кои покажа како ужива со својот сакан – посетиле прекрасни локации, вкусиле од неодоливата италијанска кујна и се почестиле по некое модно парче од „Шанел“.

„Милано, совршен си“, напиша актерката во описот на фотографиите, не можејќи да го сокрие своето воодушевување.

Фото: Инстаграм/Аница Лазиќ
Фото: Инстаграм/Аница Лазиќ
Фото: Инстаграм/Аница Лазиќ
Фото: Инстаграм/Аница Лазиќ
Фото: Инстаграм/Аница Лазиќ
Фото: Инстаграм/Аница Лазиќ
Фото: Инстаграм/Аница Лазиќ
Фото: Инстаграм/Аница Лазиќ
Фото: Инстаграм/Аница Лазиќ
Фото: Инстаграм/Аница Лазиќ

Да потсетиме, Ристовски и Лазиќ јавно открија дека се во романтична врска кон крајот на 2023 година. Оттогаш се постојано заедно – од настани и филмски премиери, до најразлични патувања ширум светот.

Во една прилика, актерката откри дека нивната конекција била инстантна.

„Лазар и јас се запознавме без каков било посредник, единствениот посредник беше Бог. Се сретнавме во Белград, се погледнавме неколку секунди, а потоа се прегрнавме. По таа прегратка седнавме и разговаравме со часови. Кога ме прашуваат од кога сме заедно, јас велам – од првиот момент кога се погледнавме. Разговаравме и за тоа дали треба да излеземе во јавност и да кажеме дека сме заедно. Се договоривме дека ние треба да ја соопштиме веста, а Лазар не би бил Лазар ако тоа не го направеше на свој начин“, изјави таа за телевизија Прва.

Аница Лазиќ и Лазар Ристовски / Фото: Инстаграм/Аница Лазиќ

„Едно утро објави дека сме заедно додека јас спиев и замина на работа. Станав малку подоцна, не го вклучив веднаш телефонот и ме пречека море од пораки – тогаш воопшто не ми беше смешно. Потоа ги видов насловите што излегуваат и ден-денес. Доживеав интернет-насилство. Имав помош од психотерапевт, а Лазар ми беше голема поддршка. Во тие моменти се прашував како им е на некои деца“, додаде Лазиќ.

Ристовски претходно беше во брак со сопругата Даница, со која се раздели по 42 години брак. Тие се венчаа во 1980 година и имаат два сина – Петар, кој е филмски режисер, и Јован, кој е економист.

ФОТО | „Македонијо, те сакам“: Лазар Ристовски и Аница Лазиќ престојуваа во Дојран, па заминаа на одмор во Грција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот