Фото: Инстаграм/Аница Лазиќ

ФОТО | „Македонијо, те сакам“: Лазар Ристовски и Аница Лазиќ престојуваа во Дојран, па заминаа на одмор во Грција

Српскиот актер Лазар Ристовски (72) и неговата 39 години помлада партнерка, Аница Лазиќ, деновиве престојуваа во Македонија. Посетата започна во Скопје, каде што Ристовски имаше средба со медиумите, а продолжи во Дојран на филмскиот фестивал „Преку езерото“.

Актерот беше прогласен за лауреат на фестивалот и ја доби наградата „Мето Јовановски“. Во рамките на програмата, во Музејот на Град Дојран одржа мастерклас на тема „Актерството во уметноста на филмот и местото на актерот во филмската индустрија денес“.

Додека Ристовски беше дел од фестивалските активности, Аница го истражуваше градот и околината. На социјалните мрежи објави фотографии од локални цркви, како и од хотел и ресторан во Дојран, придружени со пораката: „Македонијо, те сакам“.

Фото: Инстаграм/Аница Лазиќ
Фото: Инстаграм/Аница Лазиќ
Фото: Инстаграм/Аница Лазиќ
Фото: Инстаграм/Аница Лазиќ
Фото: Инстаграм/Аница Лазиќ

По престојот во Македонија, двојката замина во Грција, каде што престојуваат во туристички ресорт. Од таму споделија фотографии од одморот – прошетки низ Солун, моменти на базен и посета на локални ресторани.

Ристовски и Лазиќ се во врска неколку години, а јавноста често покажува интерес за нивната приватност, особено поради големата разлика во години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот