Лавиринт парк инспириран од коронавирусот: Во оваа природна оаза нема шанси да се заразите! (ФОТО)

профимедиа

Паралелните патеки кои потсетуваат на лавиринт се раздвоени со висока жива ограда и дополнително се украсени со дрвја…

Австриските експерти за пејсажна архитектура измислија прекрасен лавиринт парк, природна оаза инспирирана од коронавирусот, односно од мерките за заштита од истиот.

Во овој парк наводно не е можно да се заразите со вирусната инфекција бидејќи структурата на паркот налага постојано да сте на дистанца од речиси два метри.

Паралелните патеки кои потсетуваат на лавиринт се раздвоени со висока жива ограда и дополнително се украсени со дрвја.

профимедиа

Па така секој кој сака да се рекреира во длабока природа, ја има таа можност, така што шета сам во својата патека, одделен од останатите кои исто така се рекреираат.

Австриските власти бараа нацрт од ваков парк знаејќи колку природата и зеленилото се важни за релаксирањето и менталното здравје на луѓето, сега во време на коронавирусот кога јавните зелени површини се затворени и непожелни, а луѓето се принудени на карантин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот