Ларса Пипен обвинува: Канје Вест им го „испра“ мозокот на целото семејство Кардашијан

Profimedia

Сопругата на кошаркарската легенда Скоти Пипен, во радиоемисија зборуваше за прекинот на пријателството со најдобрата пријателка Ким Кардашијан и го обвини Канје Вест за „перење“ на мозокот на сите во семејството Кардашијан, поради што тие не сакаат веќе да имаат ништо со неа.

Profimedia

Според неа, причината за тоа е што таа го блокирала телефонскиот број на Вест, по многубројните телефонски повици што ги добивала доцна навечер или рано наутро.

Знаеше да ми ѕвони во четири или во шест часот наутро. Јас бев таа што го слушаше кога тој имаше свои жолти минути и прва личност на која ѝ се јавуваше кога имаше некои проблеми и видете како заврши тоа. Можеби баш затоа што ги блокирав неговите повици, сè заврши на овој начин – изјави Ларса, признавајќи дека се чувствува повредена од одлуката на Ким да го прекине пријателството, бидејќи секогаш ја чувствувала како блиска личност.

Profimedia

Сепак, таа додава дека ја разбира Ким, бидејќи верува дека на тој начин сакала да го направи најдоброто за своето семејство и за односот со сопругот. Воедно Ларса открива дека нејзиниот сопруг, кошаркарот Скоти Пипен, никогаш не го одобрувал нејзиното дружење со членките на Кардашијан кланот, но таа никогаш не му дозволила да ѝ се меша во тоа.

Ларса и Скоти Пипен/Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот