Ларс Валтер: Брзи се играчите на Архус, треба да го сопреме нивниот контра напад

фото: РК Еурофарм Пелистер

Во вторник составот на Еурофарм Пелистер ќe го игра својот седми натпревар сезонава во ЕХФ Европската лига, му гостува на Скандерборг-Архус (18.45 часот) во рамките од групата „Д“.

Овие екипи се сретнаа во првото коло, во салата „Боро Чурлевски“ триумфираа Данците со резултат 27:30. Битолчани претрпеа два порази во СЕХА лигата, но и покрај тоа данскиот тренер Ларс Валтер во својата земја со своите играчи оди по позитивен резултат.

– Последните два дена работиме со добар ритам и момците кои беа надвор од тимот почнуваат да го фаќаат тој ритам. Видливо беше дека ни недостига такво темпо на претходните два натпревари. Против Нексе беше нешто подобро, но мора уште малку да се подобриме. Овој викенд работевме одлично и тоа веќе изгледа солидно. Патуваме во Данска со подигната глава, сакаме да одиграме добро и да донесеме бодови од таму – вели Валтер.

Еурофарм Пелистер поразен и од Нексе во СЕХА лигата

Според стратегот на македонскиот вицешампион, квалитетот на данската лига е неверојатен.

– Викендов Архус загуби од вториот најслаб тим во лигата и тоа покажува дека секој тим може да освои бодови против секого во данското првенство. Сепак, Архус Скандеборг игра добра сезона досега, се наоѓа на шестото место, но тимот има падови и подеми. Наша цел е да ги фатиме во пад во вторник. Брзи се, треба да го сопреме нивниот контра напад. Околу 30% од головите ги постигнуваат од контра напади и не треба да ги правиме истите грешки како на последните два натпревари. На тренинг напорно работиме да ги сведеме на минимум техничките грешки. Тоа ќе го направите само ако го следите тактичкиот план и баш тоа се обидуваме да го сториме – се зборовите на Валтер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот