Еурофарм Пелистер поразен и од Нексе во СЕХА лигата

фото: seha-liga.com

По стартниот пораз од Војводина во Нови Сад, екипата на Еурофарм Пелистер денеска во својот втор натпревар од групата „А“ во СЕХА лигата загуби и на гостувањето во Нашице од Нексе со 29:25.

За македонскиот вицешампион најефикасен беше Радовиќ со пет голови, а четири запиша Костески.

Кај Хрватите шест погодоци реализираше Сршен, а по четири Северец, Мославац и Мелиќ.

На табелата со шест бодови води Војводина, пред Нексе со три, а последен е Еурофарм Пелистер (0).

Во следното коло на 2 март составот на Валтер ќе биде домаќин на српската Војводина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот