Лани рекорден број слушатели на предавањата на Народната банка за финансиска едукација

Народна банка на РСМ
Народна банка / фото: НБРСМ

Рекорден број слушатели на предавањата за финансиска едукација на Народната банка имало во 2021 година – биле одржани вкупно 102 предавања на кои биле присутни 6351 слушател, меѓу кои ученици, студенти и професори.

-Беа вклучени 70 различни училишта. Предавањата на македонски и на албански јазик се одржуваа преку интернет поради пандемијата на ковид–19, за учениците и од градските и од руралните средини. Исто така, минатата година од страна на Народната банка беа изработени повеќе едукативни материјали за финансиска едукација, како едукативни презентации, текстови, видеоматеријали и инфографики, наменети како за младите, така и за возрасното население, соопшти Народната банка. 

Во контекст на системскиот пристап за подигање на финансиската писменост во земјава, додава НБ во соопштението, финансиските регулатори што таа ги предводи  минатата година ја усвоија и  ја објавија првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија.

-Оваа стратегија претставува значаен чекор во понатамошните активности за финансиска едукација и инклузија во земјава. Согласно со Стратегијата, беше усвоен Кодексот на добри практики за финансиска едукација, со којшто се утврдуваат принципите коишто треба да се применуваат при спроведувањето на финансиската едукација на населението во земјава, од страна на сите субјекти од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, коишто ќе бидат вклучени во овој процес. Со Кодексот се овозможува координиран пристап на дејствување и на субјектите од приватниот и од граѓанскиот сектор. Оттука, забележливи се и активностите за финансиска едукација од страна на банките и штедилниците, како и граѓанските здруженија коишто се активни во оваа сфера и исто така  придонесуваат за поголема финансиска писменост на населението, посочува Народната банка. 

Во соопштението додава дека и натаму ќе придонесува во подигањето на финансиската писменост во земјава преку низа активности, бидејќи, како што истакнува,  во современите услови на динамичен финансиски систем, финансиската едукација станува сѐ попотребна за сите возрасти и за сите социјални слоеви од населението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот