Онлајн шопинг/ Фото: TEK IMAGE / Sciencephoto / Profimedia

Лани реализирани онлајн трансакции од 950 милиони евра, е-трговијата бележи постојан раст

Е-трговијата бележи континуиран раст. Во 2025 година се реализирани онлајн трансакции во вредност од 950 милиони евра, што претставува годишен раст од 32 проценти, било посочено на Годишното собрание на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТСМ.

Според претседателката на Асоцијацијата, Нина Ангеловска-Станков, ова е јасен показател за зголемената доверба во онлајн купувањето, растот на понудата и развојот на дигиталните плаќања, но и поттик да се продолжи со унапредување на условите за понатамошен раст. Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, ја истакна важноста на институционалната поддршка и дигиталната трансформација за развојот на економијата.

– Дигитализацијата на фискалните процеси е клучна за понатамошен развој на е-трговијата и за создавање фер и транспарентен пазар. Како институција, остануваме посветени на изнаоѓање практични и лесно применливи решенија за е-фискализација, во тесна соработка со бизнис- заедницата. Нашата цел е да овозможиме раст на секторот, притоа намалувајќи ја сивата економија и зајакнувајќи ја довербата кај потрошувачите – истакна Петрова.

Од Асоцијацијата за е-трговија информираат дека на Собранието било официјално најавено и 9. издание на регионалната конференција за е-трговија, што ќе се одржи на 3 ноември годинава во Националната опера и балет, а на кое се очекува да присуствуваат над 900 учесници од целиот Западен Балкан.

– Дополнително, на Собранието беа презентирани и активностите на Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA, подружница на АЕТСМ, при што беше истакнато дека во 2025 година се реализирани бројни иницијативи за унапредување на родовата еднаквост, а за 2026 година е најавено и петтото јубилејно издание на конференцијата EqualXchange, кое ќе се одржи на 19 мај, информираат од Асоцијацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот