Лани играше во летната НБА лига, сега е во МЗТ Скопје

Македонскиот шампион МЗТ Скопје го донесе првото засилување за новата сезона, кошаркар кој има носено НБА дрес. Кениецот Нуни Омот (24 год, 206 см), е нов кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром откако денеска потпиша договор до крајот на сезоната.

Станува збор за исклучително квалитетен крилен центар, кој може да игра и на крилната позицијата и според експертите, Нуни Омот е играч со огромен потенцијал и нема да биде чудо доколку во блиска иднина заигра и во НБА лигата. Тој веќе има искуство со настапи за НБА екипи. Минатата година Нуни Омот настапи на пет средби во летната лига за Голден стејт вориорс, а потоа беше дел од тренинг кампот на Бруклин нетс.

Омот минатата сезона ја помина во развојната Г лига и за вториот тим на Бруклин одигра 44 натпревари на кои постигнуваше просечно по 5.5 поени и два скокови. Претходно, имаше и повеќе од солидна универзитетска кариера во дресот на Бејлор универзитетот за кого во последната сезона во НЦАА лигата на 34 средби имаше просек од 9.9 поени и 3.6 скока.

Кениецот стана осмиот кошаркар кој во моментов е под договор со МЗТ Скопје Аеродром, откако претходно беа ангажирани Кристијан Николов и Бојан Крстевски, а беа обновени договорите со Андеј Магдевски и Андреј Маслинко. Активен договор со шампионот имаат уште Дамјан Стојановски, Марко Симоновски и Ранко Мамузиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот