„Ла Лига“: Реал се врати на врвот, Куртоа блескаше против Хетафе! (ВИДЕО)

фото: твитер

Фудбалерите на тренерот Зинедин Зидан успешно ја продолжуваат борбата во обидот да ја освојат шампионската титула во „Ла Лига“.

Реал Мадрид после трите нерешени средби по ред, им се врати на победите во својот прв натпревар во 2020 година во најсилното шпанско фудбалско првенство.„Кралевите“ ја оправдаа фаворитската улога и славеа со 0:3 кај Хетафе.

После првото полувреме водеше со 0:1 благодарение на автоголот на домашниот голман Сориа во 34. минута од средбата на стадионот „Колисеум Алфонсо Перез“.

На стартот од второто полувреме германскиот интернационалец Крос убаво го пронајде Варан кој се погрижи за зголемување на позитивата, а во последната минута од мечот во контранапад Валверде кој досега има одлична сезона асистираше до Модриќ за поставување на конечниот епилог (90+6`).

Претходно во првиот меч од саботната програма на оваа рунда, Валенсија со погодокот на Гомез триумфираше пред нејзините навивачи со 1:0 над Еибар. Од 18.30 часот Леванте на нашиот Енис Барди (стартер на „Ванда Метрополитано“) гостува кај Атлетико Мадрид.

На табелата води Реал со 40 бодови, пред Барселона (39) која својот меч ќе го има вечерва од 21.00 часто во градското дерби кај Еспањол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот