Ла Лига блокираше трансфер на Барса и договорени 25 милиони евра
Барселона се согласи, Палмеирас се согласи, Бетис се согласи, но Ла Лига рече – „не“! Фудбалерот Витор Роке е спречен да замине во Палмеирас со одлука на Ла Лига.
Препорачано
Иако Барса ја прифати понудата на Палмеирас од 25 милиони евра за 80% од договорот на Роке, а и Бетис се согласи да ја раскине неговата позајмица од каталонскиот клуб, Ла Лига соопшти дека тоа не е во согласност со прописите.
Наводно, Ла Лига тврди дека клубовите не смеат ниту да продаваат играчи надвор од преодниот рок во Шпанија. Во превод, сите излезни и влезни трансфери мораа да бидат завршени до полноќ на 3 февруари, кога официјално заврши преодниот рок во Шпанија.
Иако во Бразил трае до 28 февруари и клубовите ги прифатија сите услови од договорот, Ла Лига го блокираше овој трансфер.
Каталонските медиуми јавуваат дека Барселона повторно ќе го пријави целиот случај во ФИФА, бидејќи смета дека Ла Лига ја злоупотребила својата моќ.
Да потсетиме, Барса и Ла Лига, поточно претседателите Жоан Лапорта и Хавиер Тебас, со години водат „војна“, а последната и најголема беше околу регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор, која ја добија Каталонците, но и со одлука на шпанскиот суд.


