Филип Кузмановски EPA/Bo Amstrup

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, но свесни сме дека имаме квалитет за повеќе

Македонската ракометна репрезентација со минимален триумф над Романија од 24-23 ја исполни основната цел, но речиси извесно го заокружи настапот на Европското првенство 2026 во Хернинг. За пласман во вториот круг на континенталниот собир, на Македонија ѝ е потребен вистински подвиг, Данска да ја совлада Португалија со дури 18 гола разлика, сценарио кое е речиси невозможна мисија.

По завршувањето на натпреварот, еден од најискусните во националниот тим, Филип Кузмановски, отворено зборуваше за впечатокот што го остави дуелот и за чувствата во соблекувалната. Тој потенцираше дека секоја победа на Европско првенство мора да се почитува, но и дека останува горчливото чувство оти Македонија можела да направи повеќе.

„Мора да бидеме задоволни со победа на ЕП, можеби очекувавме повеќе зашто бевме поквалитетни за овој резултат на крај. Во второто полувреме влеговме со голем притисок зашто сакавме да дојдеме во висока предност за пласман во втора фаза. Треба да бидеме свесни дека имаме квалитет за нешто повеќе и ако имавме малку среќа заслужувавме да сме во следниот круг. Покажавме дека веруваме во себе и во иднина треба уште повеќе, а тоа треба да го покажеме и на теренот“, изјави Кузмановски.

Костески херој, Македонија победи за да си го олесни патот до СП 2027

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот