Кузмановски и официјално прекомандуван во првиот тим на Е. Пелистер:

фото: Е. Пелистер

Младиот ракометар Цветан Кузманоски денеска и официјално беше претставен како нов член на тимот на Еурофарм Пелистер. Тој доаѓа од вториот тим на Е. Пелистер и потпиша договор на три и пол сезони.

фото: Е. Пелистер

– Уште пред потписот со Еурофарм Пелистер 2 моја цел беше да заиграм за првата екипа. Еве тоа се случува порано од предвиденото и очекуваното. Ќе дадам сè од себе да се наметнам што подобро и да добијам поголема минутажа. Знаеме за каков клуб станува збор, клуб со голема традиција и многу сум задоволен од досегашниот престој во тимот. Се вклопив одлично во екипата, сите добро ме прифатија, а со некои се знаев и од порано. Мислам дека клубот е добро организиран и имаме добри услови за напредок како млади играчи. Пофалби за тренерот Александар Јовиќ. Имавме напорна прва полусезона и покрај проблемите со корона вирусот. Напорно трениравме, се спремавме за исполнување на целта, а тоа е место во плеј-офот. Успеавме тоа да го оствариме и еве сум тука во првиот тим – изјави  Цветановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот