Кузевска и Митева во клинч: За партиските ботови и штетната реторика

Дебата на ТВ Телма/Фото: Скриншот

Портпаролките на двете најголеми македонски партија СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ во дебата на ТВ Телма вечерва пред комуникологот Бојан Кордалов си разменија остри зборови за дејноста на нивните партии на политичката сцена и на социјалните мрежи и за штетните дезинформации кои се ширеа на штета на граѓаните.

„Кажувате да стигнат до парче леб-вие кажувавте дека нема да има храна на рафтовите, а не дека ќе стигне до поскап леб, вие кажувавте дека нема да има струја, а не дека ќе има 80 отсто субвенции од државата. Спомнавте негативни политики, пописот е негативна политика? Да се знае колку луѓе живеат тука, да може да се предвидат политиките и ние и вие што ги предвидуваме во програмите. Имате 250 ботови на твитер, да не ви ги читам, таа ексел табела која некој ја креирал и поради некои односи сега сметал дека треба да ја сподели со јавноста, истите тие, ќе кажете не се креирани од нас. На истите тие профили погледнете, 61 за влада без една националност и тоа со зборот со кои не сакаат така да се нарекуваат. Сакате да кажете дека има 250 луѓе кои не знаеме кои се и шеруваат и пишуваат статуси со говор на омраза на твитер,“ постави прашање Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ, до портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во емисијата Топ Тема на ТВ Телма.

Митева и порача на Кузеска дека се додека бараат виновници за своите погрешни политики, ќе имаат ваков негативен пад во рејтингот.

-Се додека продолжувате со реториката дека некој ви ја направил штетата, а не сте самите вие виновни, се доведувате до ситуација во која и се наоѓате да имате огромен негативен пад во  јавноста, и порача Митева на Богданка Кузеска од СДС и нагласи:

-Она што можеби треба да го зборувате внатре во вашата партија е тоа колку финансиски средства трошите за промоција на вашиот лидер за фејсбук кампања, а каков е импактот што го добивате од истиот. Можеби внатре во партијата треба да поразговарате за енормните цени кои ги трошите, наместо да зборуваме за ботови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот