Кустурица ќе снима филм за Путин: Русија спроведува „историска праведност“

Кустурица кај Путин на прослава на рускиот национален ден/Фото: EPA/ALEXEI DRUZHININ / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Српскиот режисер Емир Кустурица предизвика остри реакции во светот откако се сретна рускиот претседател Путин во Кремљ.

Рускиот претседател го прими лично како стар пријател, пренесе ТАСС.

„Вашиот поглед на историјата е исклучително интересен и продуктивен. Уметноста ја одржува реалноста на животот, која денес е само заборавено минато“, рече Путин за време на разговорот со Кустурица. Режисерот пак, најави дека „ќе сними неколку филмови за Русија“.

Овие идеи се многу интересни и треба да разговараме за нив“, одговори Путин.

Кустурица му се заблагодари на Путин за „историската праведност“ што Русија во моментов ја спроведува.

„Ова што денес се случува во Украина е борба за нас самите. Сакам да ви се заблагодарам за вашата лична историска праведност, која ние Словените ја имаме од памтивек“, рече српскиот режисер.

„Протерувањето на 230.000 Срби од Хрватска и она што се случува денес е многу важна аналогија за сите нас“, рече и Кустурица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот