Курти не се откажува од изборната трка, Хоти не штеди критики

Претседателот на Движењето Самоопределување (ВВ), Албин Курти и покрај одлуката на Врховниот суд со која му се забраниува учество на изборите на 14 февруари во Косов не се откажува од политичката битка.

Врховниот суд на Косово ја потврди забраната за Курти за учество на изборите на 14 февруари

Курти изјави дека нема официјална одлука и се уште користипредизборна реторика за да ги мотивира своите симпатизери.

Тој рече дека денот на изборите ќе биде референдум и верува дека победата на Самоопределување ќе биде загарантирана со 61 пратеничко место.

„Ние ја немаме оваа одлука, кога станува збор за канцеларијата на ВВ ќе и се обратиме и ќе видиме какви чекори ќе преземеме. Граѓанинот е крал на Републиката, Републиката не може да има владетел. Нашата влада ќе биде влада што ќе му служи на граѓанинот. На 14 февруари, дозволете ни да го одржиме референдумот со кој продолжуваат добрите дела од пролетта 2020 година. Сите излезете на гласање, затоа што нашата победа е наречена 61 пратеник“, рече Курти.

Актуелниот премиер на Косово, Авдулах Хоти, ја поддржува одлуката на Врховниот суд. Тој рече дека секој што има проблеми со законот не треба да има ни позиции.

„Оние што имале и сè уште имаат проблеми со законот не требало да имаат или имале позиција. Доколку одлуката на Уставниот суд се толкува внимателно, тоа значи дека премиерот пред мене немаше право да биде ниту пратеник ниту премиер“, рече Хоти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот