Албин Курти / Фото: Фејсбук

Курти: Не постои „Жолта куќа“, но сè поверојатно е дека постои „Сараевско сафари“

Премиерот на Косово, Аљбин Курти, повика на формирање на специјален меѓународен суд за истражување и судење на злосторства познати како „снајперски туризам“ во Сараево, наведувајќи дека, според тврдењата што се појавија во јавноста, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, „играл улога во овој феномен“, пренесе Коха.

Курти ги изнесе овие тврдења на Втората меѓународна научна конференција на Институтот за воени злосторства на Косово, одржана по повод 18-годишнината од независноста на Косово. Тој рече дека, според информациите што циркулираат, за време на опсадата на Сараево на почетокот на 1990-тите, поединци наводно платиле суми пари за да пукаат со снајпери од ридовите во цивилите во опколениот град.

„Борбата на ОВК беше праведна и неопходна“

„Нема „Жолта куќа“, но има сè повеќе информации и факт дека постоело „Сараево Сафари“, во кое се наведува дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одиграл улога. За мала сума пари, босанските цивили можеле да бидат застрелани од снајперисти во опколениот град од ридовите околу Сараево. Ќе биде потребно да се ангажира посебен меѓународен суд за да се истражат и судат злосторствата на „Сараево Сафари“, рече Курти.

Тој додаде дека таканаречената „Жолта куќа“ за трговија со органи во Албанија, според него, никогаш не постоела и дека е дел од, како што наведе, хибриден наратив против Ослободителната војска на Косово и Албанија.

Зборувајќи за поранешните водачи на ОВК кои се судат пред Специјализираните совети во Хаг, Курти оцени дека борбата на ОВК била праведна и неопходна за слобода и опстанок, како одговор на она што го нарече репресивен режим и систематска репресија врз косовските Албанци.

Вучиќ ги отфрли обвинувањата поврзани со „Сараевското сафари“

На истата конференција, извршниот директор на Институтот за воени злосторства на Косово, Атхе Хетеми, изјави дека целта на организацијата е да го продлабочи научниот дијалог и да ја прошири перспективата во истражувањето на воените злосторства преку детални анализи и интердисциплинарни пристапи кон долгорочните последици од војната.

Коментирајќи ги медиумските наводи што го поврзуваат со аферата позната како „Сараевското сафари“, српскиот претседател Александар Вучиќ во претходните изјави ги отфрли тие обвинувања, наведувајќи дека станува збор за „политички мотивирани напади и непроверени информации“.

Вучиќ за „сараевското сафари“: Никогаш не сум убил никого, никогаш не сум држел пушка, срам да ви е – Слободен печат

Случајот, познат и како „Сараевското сафари“, го иницираше италијанскиот новинар и писател Ецио Гавацени, чие обраќање до обвинителството во Милано доведе до отворање истрага против „непознати лица“ кои, за време на војната во Босна и Херцеговина, плаќале за викенд снајперски тури за пукање во цивили во Сараево.

Ужасно откритие: Најмалку петмина Италијанци биле вклучени во „рекреативни снајперски напади“ врз цивили во Сараево во 1993 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот