Курти има само 16 евра на банкарската сметка

Тој пријавил дека неговата сопруга поседува стан вреден 530 илјади евра и заштеда од 19.500 евра, кои најчесто доаѓаат од нејзината плата и наследство.

Косовскиот премиер Албин Курти пријавил дека има 16 евра и 41 цент на својата банкарска сметка, објави косовската Агенција за борба против корупцијата.

Според извештајот на оваа агенција, Курти живее во изнајмен стан за кој плаќа 350 евра месечно, додека во минатогодишниот извештај навел дека оваа бројка била 250 евра.

Тој пријавил дека неговата сопруга поседува стан вреден 530 илјади евра и заштеда од 19.500 евра, кои најчесто доаѓаат од нејзината плата и наследство.

Курти пријавил и дека неговата ќерка има заштеда од 2.000 евра, како и сметка со 50 евра.

Во врска со неговата плата, Курти пријавил дека заработува 21.315 евра како премиер на Косово, додека неговата сопруга има плата од 51.000 евра. Ова се износи на годишно ниво.

Во врска со неговите долгови, Курти извести дека неговата сопруга има кредит од 160.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот