Курц си отвори фирма во Австрија

Себастијан Курц
Себастијан Курц / Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц основал компанија во Австрија, пишува „Кронен Цајтунг”, повикувајќи се на луѓе блиски до поранешниот канцелар.

Компанијата се вика SK Management GmbH во провинцијата Долна Австрија, област Валдфиртел, со која тој е тесно поврзан бидејќи неговите баба и дедо се од таму.

Курц е управен директор и единствен акционер на неговата компанија. Капиталниот влог изнесува 35.000 евра. При основањето на компанијата, како нејзина дејност е наведено „поседување и управување со акции, обезбедување услуги за управување и консалтинг за менаџмент”.

Претходно беше објавено дека Курц во февруари ќе почне да работи во САД за соработникот на милијардерот Доналд Трамп и инвеститор Питер Тиел, каде неговиот годишен приход може да надмине 500.000 евра.

И покрај работата во САД, наведува „Кронен Цајтунг”, на Курц му е потребна сопствена компанија за други деловни потфати, како на пример ако сака да инвестира во стартапи или да заработи пари од платени предавања.

Во октомври 2021 година, Себастијан Курц поднесе оставка како канцелар поради антикорупциска истрага, а во декември го објави своето конечно повлекување од политиката.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот