Кумановецот кој го прегази четиригодишниот Алмир Алиу доби одложување на затворската казна

Основниот суд Куманово ја уважи жалбата на кумановското обвинителство изјавена против решение на судија за извршување на кривични санкции донесено на 19 февруари 2021 година, со кое на осудениот Б.И. од Куманово му се одобри барањето за одлагање на почетокот за извршување на казната затвор.

Имено, обвинителството незадоволно од донесеното решение, поднесе Жалба на 22 јануари 2021 година, со која побара кривичниот совет при Основниот суд Куманово да го преиначи решението во насока осудениот веднаш да ја извршува досудената казна. Казната затвор во траење од 4 години, по поднесено обвинение на кумановското обвинителство и судска постапка, на осудениот му беше изречена од Апелациониот суд, а за сторено кривично дело  – Тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осудениот го стори кривичното дело на 25 јуни 2016 кога со автомобил му нанесе тешки телесни повреди со смртна последица на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово.

Одлучувајќи по поднесената жалба од обвинителството, Основниот суд Куманово донесе Решение со кое го преиначи решението на судијата за извршување на кривични санкции и осудениот го задолжи веднаш по приемот на одлуката да се јави во казнено поправна установа за да започне со издржување на затворската казна.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот