Култната манекенка пресече: Веќе не сакам мажи во мојот кревет – не ме интересираат!

Линда Евангелиста / Фото: EPA

Канадската манекенка Линда Евангелиста (58) откри дека „не е заинтересирана“ за романтични врски. Во своето ново и искрено интервју за „Сандеј тајмс“, таа призна дека „веќе не сака да спие со никого“.

Модната ѕвезда, која неодамна се отвори за драстичните диети што ги следела во младоста, се пошегува дека „не сака да слуша никого како дише покрај неа“. Според манекенката, последен пат се обидела да се состанува со некого во 2015 година, пред нејзината неуспешна естетска процедува, за која рече дека ја оставила „брутално обезличена“.

Евангелиста привлече големо внимание кога го покажа трудничкиот стомак на насловната страница на „Вог“ во август 2006 година. Манекенката го тужеше нејзиниот поранешен партнер Франсоа-Анри Пино за алиментација во 2011 година, а парот постигна вонсудска спогодба следната година. Потоа францускиот бизнисмен започна љубовна врска со актерката Салма Хајек, со која стапи во брак во 2009 година. Евангелиста откри дека оттогаш ги „решила“ проблемите во врска со нејзиниот поранешен партнер и неговата сопруга.

Салма Хајек и Франсоа Анри-Пино / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Во интервјуто за „Сандеј тајмс“, таа откри дека не почнала да вежба сѐ до својата триесетта година, бидејќи нејзиниот „луд метаболизам“ ја одржувал подготвена за модната писта. Евангелиста ја започнала својата модна кариера на 19-годишна возраст, откако потпишала со „Елит модел менаџмент“ и се преселила во Њујорк. Поради големиот успех во модниот свет, таа потоа се преселила во Париз, но набрзо сфатила дека се бори да ја одржи својата тежина поради нејзиниот брз метаболизам.

Линда Евангелиста во 2003 година / Фото: EPA/DI MAURO

За време на гостувањето во подкастот на Рут Роџерс, манекенката се отвори за нејзините тешкотии во исхраната.

„Некогаш можев да јадам што било, но мислам дека метаболизмот почна да ми се забавува близу 30-тата година. Почнав да вежбам кога имав 27, 28 години бидејќи забележав дека работите се малку поинакви“, објасни таа.

Таа истакна дека била шокирана кога открила дека нејзиниот метаболизам наеднаш се променил како што стареела, и открила кои тактики за исхрана ги користела за да остане во форма.

„Морав да работам на тоа да ја задржам тежината. Дојде период кога морав да бидам навистина внимателна и почнав постојано да го чистам телото. Мислам дека беше многу штетно за мене“, изјави Евангелиста, која одела на одредени третмани и практикувала диети.

Линда Евангелиста во 2004 година / Фото: EPA/PAUL MILLER

„Пиете само течности, најмногу вода со лимон и нане и чаеви, а добивате и чаша сок дневно. Еднаш дневно добивате многу разреден, наводнет зеленчук што го нарекуваат ‘супа’“, открила и додала дека сега си дозволува да јаде што сака, сѐ додека е со најдобар квалитет и не влијае на нејзината тежина.

Линда Евангелиста на Модната недела во Милано, во 2009 година / Фото: EPA/MATTEO BAZZI

„Ако сакам да јадам тестенини – ќе уживам, бидејќи се трудам да внимавам на тежината и да бидам здрава. Ако сакам да јадам тестенини, мора да бидат супер. Ако сакам да јадам стек, мора да биде најдобриот стек“, рече таа.

Линда Евангелиста проговори за сексуалното злоставување: Знаеше дека не смее да го допира моето лице

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот