Кулеба вели дека не е само Путин кабает за војната во Украина: „Да се казнат соучесниците“

Дмитро Кулеба
Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина / Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, смета дека не треба да се дозволи „соучесниците во агресијата против Украина“ да ја префрлат целата одговорност на претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Не смееме да дозволиме оние кои се соучесници во ова злосторство да го обвинуваат Путин за сè. На пример, министерот Лавров – колегата, тој мора да сноси 100% одговорност за соучесништво во злосторничката агресија. Шојгу мора да одговара. Герасимов мора“, рече министерот за надворешни работи на Украина.

Според него, и заменик-претседателот и секретарот на Советот за национална безбедност на Русија – Дмитриј Медведев, како и Николај Патрушев, исто така треба да одговараат за агресијата врз Украина.

„Секој кој на еден или друг начин придонел да започне војна против Украина и да изврши кривично дело агресија врз Украина, треба да одговара“, рече Кулеба.

На 17 март, Судскиот совет на Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и комесарката за правата на децата Марија Лавова-Белова. Тие се осомничени за нелегално принудно префрлање на украински деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот