Куќата од „Кога јагнињата ќе стивнат“ ќе се продава на Ноќта на вештерките

Instagram

Токму за Ноќта на вештерките во САД на пазарот со недвижнини ќе се најде куќата од познатиот психолошки трилер – тоа е домот сместен во Пенсилванија, каде што беше снимен култниот филм „Кога јагнињата ќе стивнат“ со Џоди Фостер и Ентони Хопкинс.

„Кога јагнињата ќе стивнат“/IMDB

Куќата каде што Бафало Бил, озлогласениот сериски убиец живееше и ги убиваше своите жртви, има почетна цена од 298.500 долари.

Instagram

По завршување на снимањето во 1991 година, оваа куќа, сместена покрај железничка пруга во Персеполис, со четири спални соби и голема тераса, беше приватен дом за живеење.

Instagram

Нејзините сопственици иако долго време живееја тука, задржале голем дел од оригиналниот изглед на домот, со цел да можат обожавателите на филмот да го препознаат местото каде што Бафало Бил ги извршуваше грозоморните злосторства.

Instagram

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот