Кујтим Усеини: Компанијата „Нефи ИК” никогаш не вадела песок од брегот на Охридското Езеро

дивоградба нефи усеини
Фото: Принтскрин / ОХРИД СОС

Компанијата „Нефи ИК” никогаш не вадела песок од брегот на Охридското Езеро, тврди Кујтим Усеини, брат на Нефи Усеини советникот на Општина Охрид и сопственик на нелегалната бетонска база изградена на излезот од Охрид, во близина на езерото.

Според изјавата на Усеини, невистинити се информациите објавени од страна на активисти на „Охрид SOS”, дека багер на компанијата „Нефи ИК” црпел песок од езерото што, како што нагласува, било утврдено и од страна на полицијата што ги проверувала тврдењата објавени на статусот на „Охрид SOS”.

– Багерот снимен како копа во езерото не е наш. „НефиИК” ниту некогаш црпела, ниту црпи, ниту некогаш ќе црпи езерска песок за бетонска база. Ние поседуваме сопствен каменолом од каде користиме суровини за производство на високо квалитетн бетон кој го користиме во градежните активности и не користиме материјали кои може да го компромитираат составот и квалитетот на бетонот и градбите кои ги изведуваме, вели Кујтим Усеини.

Компанијата „Нефи ИК” бара извинување од организацијата „Охрид SOS” и нејзините активисти за изнесување невистини преку социјалните мрежи, а истовремено апелира до медиумите да не пренесуваат непроверени информации.

Граѓанската иницијатива за заштита на животната средина „Охрид SOS” вчера на својот фејсбук профил објави снимки на кои се гледа како механизација врши ископ на песок од литоралот на езерото, посочувајќи дека станува збор за механизација на Нефи Усеини, за потребите на неговата нелегално изградена бетонска база.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот