ФОТО | Куче со најчудна комбинација на гени: Необичната мешавина го освои интернет!
Тенк, мешавина од питбул и чивини (чивава + јазовичар), стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи откако неговата сопственичка ја сподели својата приказна на Редит на почетокот на јануари.
Препорачано
Неговата глава потсетува на питбул, додека телото – долго и ниско – наликува на јазавичар, а токму таа необична комбинација целосно ги освои интернет-корисниците.

Сопственичката на Тенк, Кендал Кларк (40) од Портланд, во Орегон, открива дека кучето потекнува од „случајно легло“. Таткото му е чивини – мешанец од минијатурен јазавичар и чивава, додека мајката е питбул.
„Иако на почетокот се двоумев дали да го вдомам, веднаш ни го украде срцето. Беше срамежлив, но сакаше да биде што поблиску и постојано да се гали“, вели Кларк.
Објавата брзо собра повеќе од 13.000 „лајкови“, а коментарите беа полни со воодушевување и шеги.
„Ова не е само мешанец, ова е буквално глава на питбул на тело на јазавичар. Го обожавам“, напиша еден корисник.
Друг додаде: „Изгледа како да залепиле глава на питбул на тело на куче-колбас.“

Многумина го споредуваат и со „Scrappy-Doo“, храбриот внук на славниот „Скуби-Ду“, што стана омилена шега во коментарите.
Кларк вели дека постојано слуша споредби со „Scrappy-Doo“: „Луѓето така го нарекуваат и се смеат, но најчесто со добра намера.“
Иако Тенк на прв поглед може да делува застрашувачки, неговата природа е сосема спротивна. Гласно лае на прозорецот со длабоко лаење на „питбул“, но кога ќе се најде лице в лице со непознати, често се крие зад нејзините нозе. Тенк всушност е нежно и малку несигурно куче, кое најмногу ужива во внимание.
„Мирен е по природа, но сака да биде во центарот на вниманието. Често им седи во скут на гостите додека го галат, а понекогаш им го турка мобилниот од рака само за да го погалат“, раскажува Кларк.

Тенк е во одлична здравствена состојба, иако ветеринарите предупредуваат дека поради неговата градба, подоцна би можел да има зголемен ризик од артритис. Поради тоа, сопственичката и нејзиниот партнер го одржуваат активен за да му ги зајакнат мускулите.
Ни неговите необични телесни пропорции не го спречуваат во играта – обожава да си игра со други кучиња и како да не е свесен колку е всушност мал.



