Куче го нападнал и каснал соседот, а потоа и сопственикот

Фото: Pexels / Valentina-bondarenko

Полицијата информираше дека вчера во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.30 часот на подрачјето на Карпош, Љ.Н.(71) од Скопје бил каснат од куче сопственост на соседот Р.Л.(57) од Скопје.

Притоа, и сопственикот бил каснат од своето куче при обид да го оттргне од соседот Љ.Н..

Со тешки телесни повреди се здобил Љ.Н., а со телесни повреди сопственикот на кучето, констатирани во приватна болница во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот