Кубанската вакцина Соберана 2 покажа ефикасност од 91,2 отсто

Вакцина /Фото: EPA-EFE/Ramon Espinosa / POOL

Според истражувањата спроведени во Куба, лекарите тврдат дека нивната вакцина Соберана 2, со засилувач наречен Соберана Плус, покажала ефикасност во 91,2 отсто од случаите. Вакцината Соберана 2 се прима во две дози.

Минатиот месец, другата кубанска вакцина Абдала покажа ефикасност од 92,28 проценти.

Кубанскиот сектор за биотехнологија има долга историја на развој на вакцини, произведувајќи 80 проценти од вакцините кои се користат во земјата и се извезуваат.

Куба е првата карипска земја која успешно разви вакцина против коронавирусот. Куба инаку, е позната по својата развиена медицина.

На Куба се развиваат пет вакцини против ковид-19, а се очекува Абдала и Соберана 2 да бидат одобрени на локално ниво, за да може Светската здравствена организација да ги користи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот