Крвав напад во основно училиште во Италија – ученик ја избол наставничката со нож, носел маица со натпис „одмазда“

Ученикот веднаш по нападот бил совладан од професор и двајца училишни работници и предаден на италијанските карабинери. Истрагата за мотивот на нападот сè уште трае, но властите соопштија дека случајот не е поврзан со тероризам и дека станува збор за изолиран инцидент, пишува Кориере дела Сера.

Тринаесетгодишен ученик, денеска наутро, пред почетокот на наставата, во ходникот со нож ја нападнал својата професорка по француски јазик во училиште во местото Трескоре Балнеарио кај италијанскиот Бергамо , објави Кариере.

Наставничката Киара Мочи (57) се здобила со тешки повреди на вратот и градниот кош и итно со хеликоптер била пренесена во болницата Папа Џовани XXIII, каде што била оперирана.

Нападот се случил околу 7:45 часот во институтот Леонардо Да Винчи. Момчето од 3. А одделение во училиштето дошло облечено во маица со натпис „одмазда“ и маскирни панталони. Кај себе имало нож што го понело од дома, а во ранецот му бил пронајден и воздушен пиштол.

Ученикот веднаш по нападот бил совладан од професор и двајца училишни работници и предаден на италијанските карабинери. Истрагата за мотивот на нападот сè уште трае, но властите соопштија дека случајот не е поврзан со тероризам и дека станува збор за изолиран инцидент, пишува Кориере дела Сера.

Бидејќи момчето има 13 години, според италијанскиот закон не е кривично одговорно, но малолетничкото државно обвинителство ќе отвори предмет за да се утврдат сите околности.

Од болницата соопштија дека операцијата траела два часа и дека наставничката е сместена на одделение за интензивна нега, додека прогнозата и натаму е внимателна. Сепак, италијанскиот министер за образование Џузепе Валдитара изјавил дека разговарал со болницата и дека професорката не е животно загрозена.

Напаѓачот околу вратот имал и мобилен телефон, за кој се наведува дека требало да го сними нападот.

Наставата во училиштето е прекината, а на учениците им е обезбедена психолошка помош. Родителите и колегите ја опишуваат професорката како примерна, сериозна и посветена наставничка, додека од синдикатот ЦИСЛ порачаа дека станува збор за чин „невидена тежина“ и дека се потребни поголем број стручен кадар, психолошка поддршка во училиштата и конкретни мерки за спречување на насилството.

Осудени родителите на момчето-убиец од „Рибникар“, таткото доби 14, а мајката 3 години затвор

13-годишно дете прегазило друго дете со кола во Арачиново, тешко го повредило

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот