Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Кршеле прозорци за да избегаат од терористите, очевидци сведочат за ужасот во Москва

За време на страшниот терористички напад во Москва кој се случи во петокот, очевидци на настанот раскажуваат за теророт, стравот и неизвесноста кои ги преживеале додека да излезат од концертната сала.

Ксенија Федорова, за време на терористичкиот напад била во Крокус салата. Оваа девојка сега за медиумите сподели што се случувало внатре, како луѓето бегале од терористите и низ какви стравични сцени морала да помине додека да излезе од салата.

Вечерта на 22 март непознати маскирани луѓе, почнаа да пукаат во концертната сала Коркус Сити во Москва. Неколку минути пред почетокот на концертот на групата Пикник, во 20 часот отворен е оган во салата. Според податоците на руските служби, меѓу убиените и повредените има и деца. Засега е познато дека 133 луѓе се убиени, а 11 лица се уапсени под сомнение дека се поврзани со терористичкиот напад. Се сомничат и дека по нападот, ја запалиле салата.

Ксенија Федорова за време на нападот се наоѓала на четвртиот кат од салата.

Ова беше навистина страшно. Многу страшно. Во почетокот беше нејасно, не сфативме веднаш што се случува. Страшно е кога многу луѓе бегаат и никој повеќе нема. Видов ранети луѓе и луѓе облеани во крв и слушнав пукотници во непосредна близина. А кога мозокот, наместо паниката ќе почне да работи, тогаш знаев дека некако треба да избегам на улица, вели таа.

Ксенија успеала да ја напушти зградата низ прозор на првиот спрат.

Фала му на Бога што сум жива и што избегав. Фала им на тие мажи кои го скршија прозорецот на првиот спрат низ кој што излеговме. Фала на жената што ме смири на бензинската пумпа, ми купи вода и седеше до мене додека чекав такси, вели таа низ солзи за 29 Ру.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот