Кројф со една изјава ги реши претседателските избори во Барселона?!

epa05869676 Jordi Cruyff, son of legendary former Dutch soccer player and coach Johan Cruyff, holds his father's Golden Ball next to his father's jersey (L) as he handles them both to Barcelona FC during a tribute to Johan Cruyff held in Barcelona, Spain, on 25 March 2017. EPA/Susanna Saez

Еден од тројцата кандидати за претседател на Барселона, Виктор Фонт, во последните неколку месеци најавува дека доколку победи, тогаш нов тренер ќе биде Чави Ернандез, а спортски директор Жорди Кројф кој е син на легендарниот Јохан Кројф.

Фонт се надеваше дека синот на една од најголемите легенди на Барселона, заедно со Чави ќе бидат неговите главни адути за триумф на претседателските избори, но се се смени со појавувањето на поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта кој веднаш стана инстант фаворит за нов челник на каталонците.

Сега Фонт доби нов удар и тоа од Жорди Кројф, кој уште еднаш се дистанцира од сите претседателски кандидати, но во едно интервју изјави дека неговиот татко сигурно би гласал за Жоан Лапорта.
– Сметам дека е прилично јасно дека мојот татко на овие избори бии гласал за Жоан Лапорта. Исто така, без дилеми и јас би гласал за него. Жоан отсекогаш бил и ќе биде вистинскиот избор за Барселона. Јас би гласал за него и во минатото и сега и во иднина – изјави Кројф, кој не застана тука во пофалбите за човекот од 2003 до 2010 година беше претседател на Барселона.

– Барселона и нејзините навивачи мора повторно да бидат почитувани, противниците мораат повторно да се плашат од Барса. Сите поранешни и моментални фудбалери на Барселона зборуваат само убави зборови за Лапорта, а тоа е голема работа. Чави рече дека Лапорта е најдобриот претседател со кој соработувал. Тој носеше тешки и големи одлуки и покажа дека знае да води толку голем клуб – додава Кројф.

Каталонските медиуми сметаат дека оваа изјава на Жорди Кројф го одлучи победникот на претседателските избори кои се закажани за 7. март, а освен Лапорта, кандидати се и Виктор Фонт и Тони Фреикса кој е тотален аутсајдер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот