Кризен штаб Куманово: Надлежните да извршат увид во состојбата на речните корита и критичните точки
Надлежните институции да излезат на терен, да извршат увид во состојбата на реките, речните корита и на критичните точки препорачаа денеска од Општинскиот штаб за заштита и спасување кој ја одржа 63-тата седница.
Препорачано
–Се препорачува на надлежните институции јавните претпријатија „Водовод” и „Чистота и Зеленило”, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, согласно најавената хидрометеоролошка состојба, како и циклонот кој го зафати нашиот регион, да излезат на терен и да направат увид на состојбите на реките и речните корита, како и критичните точки и можности на излевање на реката Пчиња, поконкретно Меморијалниот центар АСНОМ, истите ги дефинираат и во делот на преземање на превентивни мерки во координација со АД „Водостопанство Кумановско Липковско поле” да дејствуваат на терен со можност за надминување на евентуални проблеми. АД „Водостопанство Кумановско Липковско поле” во рамки на своите надлежности доколку утврди состојба која може да доведе до загрозување, навремено да преземе мерки за надминување на истата, соопштија од кризниот штаб.
Од таму велат дека доколку има потреба од дополнително ангажирање на соодветна механизација да побара од ОШЗС помош и поддршка.
Штабот препорача на општина Куманово да обезбеди средства за дезинфекција и заштитни маски и ракавици и апелираа до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата, поточно одржување на дистанца од два метри, носење на заштитни маски и да нема групирање на отворено, како и во затворени простории


