Кривичната пријава против Димитриевски пристигнала во ОЈО Куманово

Кривичната пријава против кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска пристигнала во Основното јавно обвинителство Куманово, потврдија од Јавното обвинителство на РСМ.
Обвинителството ја распределило пријавата кај надлежен обвинител за понатамошно постапување. Оттаму додаваат дека обвинителството ќе преземе дејствија во насока на проверка на наводите од кривичната пријава.
СВР Куманово ја поднесе крвичната пријава до Обвинителството по член 206 од Кривичен законик за „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот