Основно јавно обвинителство - зграда / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Кривична против четворица за нелегални борби со кучиња во битолско Црнеец

Основното јавно обвинителство Битола поведе кривична постапка против двајца од Македонија, како и против еден грчки и еден косовски државјанин, поради сомнение за организирање борби со кучиња во битолското село Црнеец.

Според обвинителството, 44-годишен посредник и 43-годишник кој во дворот на семејната куќа подготвил заграден ринг, се осомничени за кривично дело „убивање и мачење животни“ по член 233 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Полицијата уапси деветмина од Македонија и од Косово — организирале нелегални борби со кучиња во битолско Црнеец

Настанот се случил на 1 ноември во вечерните часови, кога заради користољубие, осомничените организирале борба помеѓу куче од расата „пит бул“, сопственост на грчки државјанин, и куче од расата „американски стафорд“, сопственост на косовски државјанин. Кучето „пит бул“ се здобило со повреди од угризи, а борбата ја следеле повеќе лица од Македонија, Косово и Грција.

При интервенција на полицијата, кај присутните биле пронајдени парични средства во евра и денари, додека сопствениците на кучињата успеале да побегнат. Од обвинителството наведуваат дека тие се идентификувани и по нив се трага.

Јавниот обвинител доставил предлог за притвор за македонските државјани, но Основниот суд во Битола им одредил куќен притвор.

Битолското обвинителство најави жалба на одлуката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот