Кривична пријава против новинарот Тричковски за ширење навреди и закани кон Мицкоски

Во февруари МВР отвори предмет за Тричковски за ширење расистички и ксенофобичен материјал за тогашната техничка министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против колумнистот Бранко Тричковски под основано сомнение дека  „ширел навредлива и заканувачка содржина кон претседател на политичка партија“.

Од МВР го посочуваат неговиот статус на Фејсбук од 13 април во кој Тричковски пишува за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кој илустрира ситуација во која тој би бил мртов.

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Б.Т. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела загрозување на сигурноста, предвидено и казниво по чл. 144 ст. 4 и ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, предвидено и казниво по чл. 394-г од КЗ. Имено, пријавениот преку социјалната мрежа Фејсбук на 13.4.2020 објавил статус со навредлива и заканувачка содржина кон претседател на политичка партија“,се вели во соопштението на МВР.

Во февруари МВР отвори предмет за Тричковски за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем и предизвикување омраза на дискриминаторска основа, повторно преку Фејсбук, за тогашната техничка министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот