Фото: mkd.basketball

Крива Паланка за прв пат во својата историја ќе игра за куп трофејот

Кошаркарите на Крива Паланка обезбедија пласман во финалето на 34 издание од завршниот турнир „Благоја Георгиевски-Буштур“ што се одржува во Македонска Каменица.

Во вториот полуфинален натпревар девојките од Крива Паланка беа многу подобри од својот голем ривал, екипата на Бадел 1862 со резултат 81:45.

И за прв пат од постоењето на клубот, в недела од 18.00 часот, тимот на Крива Паланка ќе игра против домаќинот на Купот, Баскет кам, за својот прв трофеј во ова натпреварување.

Кај победничките Робинсон го заврши овој полуфинален меч со 26 поени (плус седум асистенции, пет освоени топки и четири скока). Алексовска имаше учинок од 17 поени (5/7 во обидите за три поени), и пет скока, Груевска запиша 11 поени, а Ниехуес застана на 10 поени (шест скока и две асистенции).

Во екипата на Бадел 1862, Марија Николов постигна 14 поени (имаше и по пет скока и пет асистенции), а Клири дојде до дабл-дабл учинок од 10 поени и 15 скока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот