Сообраќајна полиција / фото: архива

Криумчар во „Ауди“ со петмина мигранти се забил во паркирана полициска „Шкода“, повредени се полицајци

25-годишен криумчар на Мигранти од кумановското село Слупчане вчера со автомобил, во кој пренесувал петмина мигранти од Непал, удрил во паркирано полициско возило и повредил двајца полицајци, соопшти МВР.

„На 17.03.2025 во 22.10 часот, полициски службеници го привеле Н.А.(25) од с.Слупчане, општина Липково, затоа што со патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки удрил во паркирано патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, со кое полициски службеници се обиделе да го сопрат по претходно добиени сознанија дека превезува мигранти. Притоа, со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, а во возилото биле пронајдени пет лица мигранти од Непал. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот