фото: скриншот

Кристијан Аманпур посвети дел од својата емисија на нападите врз медиумите во Србија

Славната телевизиска репортерка во емисијата „Amanpour hour“ потсети на изјавата на Вучиќ дека може да ги затвори Н1 и Нова за „една минута, ако сака“.

Славната телевизиска репортерка Кристијан Аманпур, заштитното лице на телевизијата CNN, дел од својата програма ја посвети на ситуацијата во Србија и нападите врз медиумите. Во емисијата „Amanpour hour“ таа зборуваше за падот на настрешницата, како несреќа што ја шокираше земјата. Таа потсети на протестите и на повиците за распишување избори, објави Н1.

Аманпур нагласи дека ситуацијата предизвикала реакција и од Европската Унија и потсети на седницата на Европскиот парламент, како и на Резолуцијата во која остро беше критикувана владата на србија.

За „Часот на Аманпур“ зборуваше и Јелена Петковиќ, новинарка од Србија, специјализирана за напади врз новинари, која потсети дека од почетокот на годината се евидентирани 270 напади и притисоци врз новинари.

„Телевизиите кои не се прорежимски, НОВА и Н1, постојано известуваат од протестите, а претседателот Вучиќ ги обвинува за, цитирам, чист тероризам. Си-Ен-Ен има партнерски однос со ТВ Н1, но нема уредничко влијание врз овој канал, потсетува Аманпур во емисијата. Директорот на програмата на Н1, Игор Божиќ, ме информираше за притисоците со кои се соочуваат. Тој вели дека новинарите се физички нападнати на улиците, од она што тој ги нарекува хулигани, и дека заканите со кои се соочуваат во живо и онлајн може да се сметаат за заплашување“, рече Аманпур.

Според Аманпур, српскиот претседател Александар Вучиќ во својот одговор за CNN изјавил дека останува посветен на слободата на медиумите и на  јавниот дискурс.

Аманпур се потсети на изјавата на Вучиќ дека може да ги затвори N1 и Nova за „една минута, ако сака“.

Аманпур заклучи дека нападите врз медиумите се случуваат во исто време кога администрацијата на Доналд Трамп, исто така, напаѓа и затвора медиуми како што се Гласот на Америка и Радио Слободна Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот