Криси Тајген со трогателна посвета за бебето Џек: Можам да бидам насмеана цел ден, но во мислите ми е денот кога требаше да се родиш

Фотографија: Instagram

Манекенката Криси Тиген кон крајот на септември минатата година ја објави тажната вест дека поради компликации во бременоста го загубила бебето, на кое таа и сопругот Џон Леџенд планирале да му го дадат името Џек. Во саботата Криси повторно се присети на синот, со трогателна објава на Инстаграм.

„Можам цел ден да бидам насмеана, но во мислите ми е денот кога  требаше да се  родиш“ – напиша таа на Инстаграм, а на стори објави фотографија од својата рака на која има три нараквици со имињата на децата. Покрај Луна Симон и Мајлс Теодор, на раката има и нараквица со името Џек.
„Денес беше твојот термин за раѓање. Засекогаш ќе те сакаме“ – напиша Криси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

Откако во 20-та недела го изгуби синот Џек, Криси беше многу отворена во врска со својата тага и болка, а неодамна  се појави во емисијата  на  Елен Деџенерис, зборувајќи за тоа како губењето на бебето било трансформативно искуство. Воедно изјави дека поддршката од луѓето која ја добиле им помогнала многу.
–  Нашата загуба беше многу јавна, и многумина ни дадоа поддшка. Навистина стекнувате неверојатна колучина емпатија. Мислам дека сум многу подобра личност- изјави Криси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот